САШО МИЈАЛКОВ ПРЕФРЛЕН, ПА ЗАДРЖАН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

1067

Поради болки во стомакот, екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, од затворот „Скопје“ денеска е пренесен во скопската болница „Аџибадем Систина“.
Според првичните сознанија Мијалков утре ќе биде прегледан што значи дека ноќта ќе ја мине во болница, а од наодите ќе зависи дали престојот во болницата ќе биде продолжен или, пак, ќе биде вратен во затворот „Скопје“, во Шуто Оризари.
Ова а втор пат овој месец како Мијалков се жали на здравствени проблеми. Имено, пред скоро две недели тој се поќали на проблеми со очите. И тогаш топј беше спроведен во споменатата болница, а по извршените прегледи тој беше вратен во затворот.
Сите овие случувања поврзани со Мијалков доаѓаат во време кога најпрво Обвинителството потврди дека тој не планирал бегство од земјата, но и изречена пресуда за случајот наречен „Тортура“ кога тој беше одлободен од вина.

Во меѓувреме Мијалков се појави и на стратот на судењето за предметот „Плацеви на Водно“ каде, во отсуство, му се суди на неговиот братучед Никола Груевски.

Спонзорирано