САШО КАИМОВСКИ – ПАНКИ, ПОВТОРНО УАПСЕН ОД ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА !

4400

 

Првото приведување на Каимовски се случи на Први мај 2008. година. Тој, и уште две други лица, осомничени во големата акција наречена „Банкомат“, беа приведени од грчката полиција, а по распишана потерница од Италија

 

Според пишувањето на „НетПрес“, кој, пак, се повикува на грчката агенција АНА-МПА, пејачот на групата „Куку Леле“, Сашо Каимовски – Панки денеска бил приведен од грчката полиција.
Каимовски бил уапсен при влез во Грција. За него имало активна потерница распишана од германските власти за учество во кражби на податоци од картичкин и пари од банкомати. Пејачот се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.
Како што пренсуваат агенциите, Каимовскио и уште две лица, од украдените податоци изработувале картички и со нив подигале пари во повеќе Западно-Европски земји, притоа предизвикувајќи штета од над 1,3 милиони евра. Оваа мрежа била активна во Грција, Италија, Франција и Бугарија и во земјава.
Инаку, Каимовски бил спроведен на распит пред Јавен обвинител кој дополнително ќе решава за неговата евентуална екстрадиција.
Апсењето на Панки од грчката полиција и не е некоја новина, ако се знае дека тој на први мај 2008. година, а по претходно распишана потерница, беше уапсен на Граничниот премин „Евзони“. Приведувањето на Каимовски и на уште две други лица се случи непосредно пред Велигденските празници, но по само неколку дена минати во екстрадиционен притвор тој им беше испрачан на италијанските власти.
Тогашното апсење на Каимовски беше потврдено од македонското конзуларно претставништво во Солун, но не и од Министерството за надворешни работи, иако се рабошво исто време Министерството за внатрешни работеше за тројца македонски државјани.
Она што во тоа време можеше да се дознае за апсењето на Сашо Каимовски – Панки е дека тој бил уапсен во голема акција што ја спроведуваа неколку европски земји учествува, а со кои соработувала и македонската полиција. Информациите упатуваа на тоа европските полиции повеќе месеци наназад работеле на прибирање на докази за групата која се занимавала со празнење на банкомати и дека токму поради тоа и самата акција била наречена „Банкомат“.
Во тоа време постоеа одредени шпекулации според кои обелоденувањето на скандалот со празнењето на банкомати, наводно, било избрзано и прерано објавено во медиумите и полициите не само што не ја затвориле листата на сите инволвирани, туку и не успеале да ги обезбедат сите предвидени докази.

Спонзорирано