Судскиот совет на Република Северна Македонија на вчера одржаната 377 седница, помеѓу останатото, донела одлука со која го разреши Горан Бошевски од функцијата судија во скопскиот кривичен суд.
Во своето соопштение Судскиот совет не дава детали за Бошевски, туку само информира дека е „разрешен еден судија, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција“ и дека тој времено е оддалечен од вршење на судиската функција.
Сега откако е разрешен на Бошевски му останува да вложи жалба до Жалбен совет на Врховниот суд, но малку е веројатно дека неговата жалба ќе биде прифатена.
Поради разрешување на Горан Бошевски, судскиот предмет наречен „Траекторија“ кој се однесува на изборот на изведувач на работите на делниците од автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и во кој тој се јавува како претседавач на советот ќе започне од почеток. Поради Бошевски, каде тој се јавува како втор судија во предметите „Талир 1“ и „Шпански скали“ ќе има нов почеток со нов судија.
РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ГОРАН БОШЕВСКИ
Спонзорирано