Протести за ослободување на Алими – еден од осудените за 27 април

970

Слобода за Абдулфета Алими е барањето на на учесниците на протестот кој се одржа денеска во Скопје. Протестантите се собраа пред споменикот на Скендер Бег, каде што им се придружи и лидерот на Алијансата за Албанците -пратеникот Зијадин Села. Тој повеќе пати досега изјави дека животот му го должи на собранискиот обезбедувач Алими. Со Села беше и градначалник на Гостивар Арбен Таравари.
„Слобода за Абдулфета Алими“, „Монтиран политички процес“, „Не е тероризам да се спаси човек“… Со овие пораки, блиски и поддржувачи на Алими, осуден на седум години затвор за настаните во парламентот од 27 април 2017 година, протестираа пред Кривилниот суд.

Синот и сопругата на осудениот Абдулфета Алими побараа правда, а не милост и го повикаа премиерот Зоран Заев да го обелодени случајот бидејќи тој најдобро знае што точно се случувало за врем на „крвавиот четврток“.
Алими е еден од 16 осудени за настаните од 27 април, кои добија вкупно 211 години казна затвор.Најниска е казната за Алими, за кого се сметаше за олеснителна околност помошта што му ја пружил на Села. Највисока каза, од 18 години затвор, доби тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков.

Спонзорирано