ПРОНАЈДЕНА МРТВА АКТЕРКАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ-АЛЕКСИЌ

    2121

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари од Институтот за судска медицина, вчера вечер, извршил увид во стан во Скопје, каде што било пронајдено безживотното тело на глумицата Билјана Беличанец-Алексиќ.
    Од Обвинителството не го соопштуваат идентитетот на починатата, но потврдуваат дека телото на сега починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.
    По наредба на Обвинител телото на починатата е предадено за обдукција, а била издадена и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.
    Според пишувањето на некои портали насилната смрт на актерката настапила со бесење.
    Билјана Беличанец-Алексиќ, освен што беше професионална глумица, во 2013. година беше избрана за градоначалник на скопската општина Кисела Вода. Функцијата градоначалник ја извршуваше се до 2017. година.

    Спонзорирано