Притвор за тројца осомничени за трговија со марихуана во кочанско Уларци

868

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка за три лица, од кох еден за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, а за другите двајца за помагање при извршување на кривичното дело.
Првоосомничениот, во периодот од 10. до 23. минатиот месец, организирал, нудел на продажба и продавал наркотична дрога марихуана. Имено, во повеќе наврати на лице со прикриен идентитет тој му нудел продажба на марихуана од објект на друштво за производство и промет на земјоделски производи, во селото Уларци, кое се занимава со производство на канабис. На овој начин тој организирал нелегална продажба на речиси седум килограми марихуана од објектот.
Второ и третоосомничениотт му помагале на првоосомничениот така што му овозможувале на лицето со прикриен идентитет да влезе во објектот и да ја преземе дрогата.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд Кочани определи мерка притвор во траење од 30 дена за тројцата осомничени.​​

(Фото: Комарец)

Спонзорирано