ПРИТВОР ЗА СПИРО РИСТОВСКИ И МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ

1227


Собранието ќе решава за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски за кого, исто така, е побарана мерка притвор

Од вчера вечер поранешните министри во Владата на пребеганиот Никола Груевски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески се во затворот „Скопје“ каде ќе ја издржуваат мерката притвор која што им ја изрече Судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд.
Притворот за Ристовски и Јанакиески е побаран поради постоење на опасност тие да се дадат во бегство или да вршат влијание врз сведоци и со тоа да ја попречуваат истрагата која Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја води за лица кои се можни организатори на насилствата од 27. април 2017. година.
Мерка притвор е побарана и за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вењаноски, но за него најнапред ќе треба да одлучува собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, а дури потоа пратениците ќе гласаат за одземање на неговиот пратенички мандат, а со тоа и за симнување на неговиот имунитет.
Сите тројца споменати, како и осомничените, но недостапните Никола Груевски и Никола Бошковски, се сомничат за сторено кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик. Меѓу осомничените е и Владимир Атанасовски, поранешен директор на управата за безбедност и контрраразузнавање.
Инаку, притврорањето на Миле Јанакиески веќе и не е некое изненадување, бидејќи тој е своевиден „рекордер“ по бројот на кривични постапки во кои се споменува неговото име. Јанакиески, за прв пат беше притворен на 14 ноември минатата година, односно само три дена по бегството на Груевски од земјава, а мерката притвор со мерка куќен притвор му беше заменета на 28. декември.

Спонзорирано