За купувањето плацеви на Водно, освен Никола Груевски, обвинети се и неговиот кум Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Куновска-Камчева и Сашо Мијалков
Обвинитеството бара од судот да наложи конфискација не само на трите плацеви на Водно, туку и на два стана во Скопје, градежен плац во Центар од 2.729 метри квадратни и уште две градежни парцели во Норово, Крушево
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до скопскиот кривичен достави обвинителен акт, за шест лица, за предметот познат во јавноста како „Плацеви на Вадно“.
Како првообвинет се јавува поранешниот премиер Никола Груевски, кој и се јавува како „купувач“ на плацевите на Водно. Имено, Груевски се товари дека сторил кривични дела: перење пари и други приноси од кривично дело и за противправно стекнување и прикривање на имот. Кумот на Груевски, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и неговата мајка, Ратка Куновска-Камчева ќе одговараат за перење пари, а екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е обвинет за помагање при сторување на кривичното дело: перење пари.
Како што е наведено во диспозитивот на обвинителниот акт, се започнало уште во јуни 2006. и траело до октомври 2012. година, кога Груевски, со искористување на функцијата на која се наоѓа во тој период, противправно присвоил 1.300.360 евра или 79.972.140 денари. Имено, тој, како претседател на политичката партија, дел од паричните средства што биле давани како донации за финансирање на политичката партија не ги прикажал како примени донации, туку ги присвоил за себе.
Присвоените средства, Груевски, од октомври 2012 година до септември следната година ги пуштил во оптек, а во реализацијата на нему, со умисла, му помогнал неговиот братучед Сашо Мијалков. Груевски имал информации дека физички лица кои се иселени од државата, преку посредници, продаваат на Водно, земја со површина од 11.000 метри квадратни. Тој побарал од Мијалков да му помогне да дојде до земјиштето, но и да го сокрие него како купувач. Сега обвинетиот Мијлаков стапил во контакт со Ненад Јосифовиќ, кој, пак, е сопственик на регистрирана офшор фирма во Белизе. Бил постигнат договор фирмата на Јосифовиќ да се јави како основач на правно лице кое ќе се јави како купувач.
„Иако знаел дека неговото правно лице ќе се користи за прикривање на вистинскиот сопственик на купувачот на земјиштето, обвинетиот Ненад Јосифовиќ, во договор со обвинетиот Сашо Мијалков, основал правно лице во Скопје, на кое обвинетиот Ристо Новаќевски, станал управител. Откако била постигната согласност за купопродажната цена, обвинетиот Нинкола Груевски, во повеќе наврати, на девизната сметка на правното лице во Скопје, преку сметката на правното лице од Белизе пуштил во оптек парични средства прибавени со кривично дело. Обвинетиот Новачевски ги примил паричните средства и во својство на управител на правното лице со сопствениците на земјиштето потпишал договор за купопродажба за купување на шума со површина од 11.255 метри квадратни, по што извршил плаќање кон продавачите во износ од 1.299.215 евра, а дел од останатите приливи ги употребил за плаќање на данок на промет на недвижности“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организизарн криминал и корупција.
Меѓу јуни и октомври 2015 година, купениот имот, со измени на ГУП на Град Скопје, биле трансформуирани во градежни парцели, а уделот на правното лице од Белизе во правното лице во Скопје било пренесено на Орце Камчев и на неговата мајка Ратка Куновска -Камчева. Всушност, Орце бил именуван за управител на фирмата, а Ратка Куновска- Камчева во сопственичка на имотот.
Подоцна, а по претходно донесена одлука, била извршена физичка делба на парцелите, кои биле поделени на три нови парцели. Уделите во преименуваното правно лице и останатите две парцели фиктивно биле пренесени на трето лице без да биде платен уделот и со договор во кој бил определен рок за исплата на купопродажната цена со клаузула дека ако рокот не биде испочитуван, договорите се ништовни со што ја прикриле локацијата на имотот и неговата сопственост.
Инаку, Груевски, за да избегне непријатности со купување на недвижности, во анкетниот лист не запишал уште два стана со површина од 38 односно 57 метри квадратни, градежно земјиште во Центар со површина од 2.729 метри квадратни и уште две градежни парцели во Крушево, вредни 795.424 денари.
Обвинителство, со поднесување на обвинителниот акт, бара судот да ги конфискува трите плаца на Водно, двата стана проценерти на 60.000 и на 41.000 евра, градежното земјиште со површина во Центар вредно 7.365.600 денари и двете градежни парцели за Катастарска Општина Норово, Крушево, во вредност од 795.424 денари.
Освен наведеното, Обвинителството од судот бара да изрече перка притвор за Груевски, по неговото пронаоѓање, а за Јордан Камчев веќе изречена мерка притвор да му биде продолжена. За обвинетиот Ненад Јосифовиќ е даден предлог еднаш неделно да се јавува во кривичниот суд, а ист предлог е даден и за обвинетата Ратка Куновска-Камчева, но и одземање на нејзиниот македонски и бугарски пасош.
(Љ.Станковиќ)