Поднесено обвинение за „непознат“ дилер од Драчево

    996

    Основното јавно обвинителство во Скопје поднело обвинителен акт против лице за кое не соопштуваат никаков идентитет, освен дека е од скопската населба Драчево, а за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
    Непознатиот обвинет од обвинителството се товарат дека во својот дом, заради продажба, чувал 66,7 грама марихуана.
    За „информирањето“ на обвинителството да биде уште понепрофесионално изработено говори и тоа дека дрогата од непознатиот била запленета уште на шести минатиот месец, но и тоа дека за него било побарано да му се продолжи мерката куќен притвор, а за која треба да претпоставиме дека сите знаеме дека претходно му била изречена од Судија на претходна постапка.

    Спонзорирано