ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕ ДОАЃААТ НА СУДЕЊЕ ЗА „ТАЛИР“, ОТИ БИЛЕ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА!

1356

Денешното рочиште за случајот „Талир“ заврши со презакажување и со оценка на судијата Осман Шабани дека веќе „не е фер и коректно“ однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи повторно не испратија претставник на судењето за предметот во кој, освен лица од поранешното потесно раководство, обвинета е и самата партија.
Судијата Шабани, во записник, констатира дека утрово, од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ , Игор Јанушев примил допис со кој го информира судот дека партијата не е во можност да испрати претставник на судењето, бидеејќи се во изборна претседателка кампања, но и во кампања за градоначалник на Охрид и струмиочко Ново Село. Судот, исто така, констатира дека на втори овој месец одбраната на Миле Јанакиески и на ВМРО-ДПМНЕ ги доставиле своите листи на предложени докази.
„Ваквиет предлози на одбраната се во насока на одолговлекување на судењето за што најдобор зборува и тоа што поднесокот е доставен денеска. Мислам дека политичка партија можела да обезбеди некое друго лице да ја застапува“, рече Обвинителката Ленче Ристоска и потсети дека случајот „Талир“ воопшто не е ни започнат.
По ова судот донесе решение за ново одложување на процесот за еден месец.
Случајот наречен „Талир“ е предмет за кој што се поднесени две обвиненија. Првиот обвинителен акт се однесува на незаконско финансирање на правното лице-политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, а вториот на незаконската изградба на седиштето на партијата.
Со првото обвинение се опфатени шест физички и едно правно, односно лицата: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Споменатите се товарат за кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Елизабета Чингаровска уште пред да започне судењето се согласи на признание на вина и таа беше осудена на условна затворска казна.

Спонзорирано