Од НЛБ во Чаир биле украдени 150 илјади евра

1089

Сто и педесет илјади евра биле одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката.

Вооружениот грабеж се случи по 10:30 часот, при што беше потешко повредено едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата, кои беа полесно повредени и се пуштени на домашно лекување.

Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Експозитурата на НЛБ во Чаир  од утре ќе продолжи со работа со  клиенти.

Спонзорирано