ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА КАКО Е РЕГИСТРИРАНО ЗДРУЖЕНИЕТО „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“

748

Основното јавно обвинителство – Охрид, по допрен глас, денеска отвори постапка со која треба да се утврди дали постоеле одредени пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел веќе била издадена наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.
„Од мај оваа година, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар ‘Иван (Ванчо) Михајлов’“, велат од Обвинителството и потврдуваат дека надлежен јавен обвинител издал наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.​

Спонзорирано