Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе иницира истрага за јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава, а по катастрофалниот пожар кој се случи во тетоскат КОВИД- болница кој одзема 14 човечки животи.
„Трагичниот настан што се случи во Тетово иницираше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности да отвори предмет по допрен глас. Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава. За таа цел, денеска, до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници“, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК. Оттаму и информација дека материјалните докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВА НАБАВКИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА 19. МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИ
Спонзорирано





