ОБВИНИТЕЛСКА Е МУКА ПРЕГОЛЕМА

1009

Ноември како да е создаден за Обвинителството кое или избира нешто што никому на памет е би му пшаднало дека може да биде избрано или да избира и ништо да не избере

 

Љубиша Станковиќ

Се чини дека две работни седници се премалку за да може Советот на јавни обвинители да избере нов шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, па ќе мора уште малку да запне за да се избере Мустафа Хајрулахи?
Ова не реторичко прашање, туку само одглас на она за што информираа од Советот на јавни обвинители, а според кој причина за одложување на седница е неприсуството на државниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески.
Што точно се случува со Советот на јавни обвинители (СЈОРСМ) е тешко да се каже, но начиниот на кој (не)работи ова тело е негова одлика со години наназад. Примери за постапувањата на СЈОРСМ има безброј, но она што е нивниот „најмал заеднички содржател“ е дека безмалку секое именување или раз

решување мора да е проследено со сомнежи и(ли) скандали.
Искрено, не ми е јасно зашто има потреба од одложувања на седници и избори на нови шефови кога епилогот е однапред познат? Зошто се мора да биде проследено со недоверби и сомнежи кога е кристално јасно дека тоа што треба да се салучи и ќе се случи?
Ништо лично, но и изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е дел од истата приказна. Она што мене лично ми импонира е фактот дека шеесет и кусур обвинители го дале својот глас за обвинтелот Ислам Абази, што, нели претпоставува дека знаеле за кого гласаат, ама затоа, пак, Амбасдата на Соединетите Американски држави била збунета, бидејќи не знаеле ќе биде избран.
Ако сакаме да бидеме малициозни тогаш слободно може да констатираме дека делувањето на Јавното обвинителство е наполно независно и е без надворешни притисоци, но, се чини дека не ќе да е баш така…Немам намера да говорам дека изботот на Абази е во некоја корелација со кичевското село Зајас или некаква наводна роднинска врска со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, па дури ни тоа дека во времето кога споменатиот шефувал со Вишото јавно обвинителство Гостивар не била спроведена ниту една конфискација на имот стекнат од криминал или дека за лошото работење на Абази, на посебна седница, расправал и Советот на јавни обвинители. Ништо од сето ова!
Ако јас се прашувам би му дал шанса на Абази. Кај нас е правило секој да добие шанса за да покаже и докаже дека знае и умее, но тоа не мора да значи и дека ќе

биде сторено.

Сите сме сведоци дека ние шанса (и верба) му дадовме не само на поединец туку и на едно таканаречено „Специјално јавно обвинителство“, па сите доживеавме колективно разочарување. Ама, ајде да пробаме и со Абази.
И додека амерканската амбасада е се уште збунета, новиот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, веќе оствари средба со амбасадорот на Албанија. Не знам што претставува албанскиот амбасадор за нашиот правосуден систем и не знам по кои критериуми токму тој бил изабран, ама знам дека Абази не морал да „крши јазик“ додека разговарале.
Кој ќе му биде следниот гост на Абази веќе и не е така битно, бидејќи и не мора ништо битно да се случи за време на неговото шефување, ама, пак, и „не е греда“ да потрошиме уште некоја година на грешки.

Спонзорирано