ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОВСКА ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

215

Шефицата на ОЈО ГОКК на суспендирањето не гледа како на нејзино, туку како суспендирање на правото и правдата

 

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, денеска до Советот на јавни обвнителство поднесе жалба по одлуката на таа да биде суспендирана од работното место и поради поведување на дисциплиска посатапка против неа. Русковска, непосредно по поднесувањето на жалбата, изјави дека сега се на ред членовите на Комисијата при Советот на јавни обвинители кои најпрво ќе треба да се запознаат со содржината на жалбата, но дека таа ги побива наводите во решението.
„Ова не го сметам како суспензија на Вилма Русковска, туку како суспензија на правото и суспендирање на правдата“, рече Обвинителката, коментирајќи ја притоа кривичната пријава којашто против неа ја поднесе сег веќе поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Мауареми, а по претресот којшто го вршеа обвинители од ОЈО ГОКК во неговите службени простории. Русковска не верува, дека и покрај најавата на Јавното обвинителство ќе се работат предметите по кои таа постапува, бидејќи нема да се најде обвинител кој сериозно би им пристапил на тие предмети.
Дали претресот е закоит или не, согласно член 290 од Законот за кривична постапка, одлучува исклучиво судот“, рече Русковска, одговарајќи притоа на обвинувањата на државниот Јавен обвинител дека при постапувањето имало кршење на Законот.
Обвинителката рече дека го слушала иннтервјуто на професорот Гордан Калјкџиев каде тој инсинуира дека зад целиот случај стои политика и дека самата не сака да верува дека тоа е точно, но во исто време ги повика новинарите да ја истражат позадината на овој случај. Таа уште еднаш потврди дека во двата „спорни“ предмети по кои постапувало ОЈО ГОКК се работело согласно законот, односно дека немало негово прекршување.

(Љ.С.)

Спонзорирано