ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ ДЕКА БИЛЕ ИЗМАНИПУЛИРАНИ ДА ВЛЕЗАТ ВО СОБРАНИЕТО

1362

Со зборови во кои има многу каење за случувањата од 27. април, но и со извинување упатено до сите оние кои критичниот ден беа во Собранието, вклучително и на пратениците, новинарите и граѓаните, Никола Митревски-Кољо ја започна својата последна одбрана на овој судски процес. Завршниот збор Влатко Трајковски викан „Лудо“, е на иста линија со она што денеска го изјави токму обвинителката Вилма Русковска, која кажа дека доколку не се отвореле вратите од Собранието ќе немало насилства, а за неговото присство кажа дека во погрешно време бил на погрешно место.

„Вратите на Собранието ги отворија Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Тие, сега, се амнестирани. Наредбата да се отворат вратите сите знаеме чија беше. На оној што нарачуваше полици за в село!“ – изјави Влатко Трајковски.

Нови разорачарувања, нои нови моменти поврзани со овој случај можеа да се слушнат и од обвинетиот Вилијам Михајловски. Махајловски е незадоволен од тоа што со амнестијата биле опфатени лица кои носеле оружје, но и организаторите на протестите и лица коииу биле под !„фантомки“. Обвинетиот посведочи дека и нему му била понудена спогодба, но дека тој ја одбил, но затоа, пак, обвини за роднински врски. Според Михајловски, таткото на Михаил и Стефан Младеновски му бил братучет на Коле Штерјов, актуелен претседател на Советот на јавни обвинители и изрази чудење: како тоа тие да бидат пуштени на слобода без приложување на гаранции! Тој рече дека амнестираните Крсто Мукоски и Сашо Василевски ќе одговараат „пред божјиот суд, а таму нема кој да ги амнестира“. Судењето продолжува со распит на последниот обвинет, односно со завршен збор на Александар Василевски – Нинџа, а по него судот ќе го каже датумот за изрекување на пресудата.

( 24 ТВ)

Спонзорирано