ОБВИНЕНИЈА ЗА ЛИЦА КОИ УЧЕСТВУВАА ВО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИТЕ

520

Скопското јавно обвинителство Скопје, по комплетирана истрага, денеска до скопскиот кривичен суд достави обвинителни предлози за 12 лица јои учествуваа во насилните простести кои се случија на петти и шести овој месец. Според Обвинителството, деветмина се обвинети за: учество во толпа што ќе изврши кривично дело, а тројца за предизвикување општа опасност.
„За време на јавен собир на граѓани, на 5. и 6. јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило Шкода Јети“, се вели во соопштението лиферувано од Обвинителството, а во кое и појаснување дека е поднесен обвинителен предлог за против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе. Имено, едниот е обвинет подготвил „молотов коктел“, односно дека во шише ставил бензин и парче ткаенина во стаклено шише, а потоа опасното средство му го дал на другиот обвинет кој, пак, го фрлил кон полицискиот кордон.
„За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот ‘Скендербег’, со општо опасно средство -пиштол (марка Валтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм), кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух“, велат од Обвинителството одкаде и информација дека за седуммина од обвинетите била определена мерка куќен притвор, а за пењтмина притвор и дека заради обезбедување н нивно присуство на судењата кои претстојат е побарано продолжување на изречените мерки.

Спонзорирано