Обвинение за кражба на икони од​ „Св. Петка Исконска

    259

    Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог за 42-годишен скопјанец за тешка кражба, односно за кражба на икони.
    Делото за кое е ооднесено обвинение било извршено на осми овој месец кога со провалување влегол во внатрешноста на црквата „Св. Петка Исконска“. Со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св. Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, од светец „Св Петка“, од светец „Св. Нектарија Египски“ и од светец „Св. Илија“.

    Вредноста на украдените икони е проценета на илјада евра.
    Освен обвинение, за крадецот е побарана и изречена мерка притвор, бидејќи бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.

    Спонзорирано