Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 20-годишно лице кое се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во својот дом во скопско Арачиново неовластено заради продажба држел вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин.
Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и парични средства во различни апоени со вкупен износ од 155.550 денари и 100 евра. Со оглед на тоа што и натаму постои оправдан страв дека обвинетиот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
Обвинение против 20- годишен дилер со кокаин од Арачиново
Спонзорирано