Обвинение по извршена џебна кражба во автобус јавен градски превоз

    360

    Кражбата којашто се случи на 21. јанувари, оваа година, во автобус на јавниот градски превоз, деновиве е заокружена со поднесување на обвинение за 59-годишник кој се товари дека украл паричник и со тоа причинил штета од безмалку 40.000 денари.
    Според наводите на обвинението, сега обвинетиот ја искористил турканицата во автобус кој се движел по булеварот „Партизански одреди“ и успеал од патник да украде паричник во којшто имало 1.200 денари, една дебитна картичка во сопственост на оштетената, како и една дебитна картичка сопственост на нејзиниот сопруг, лични документи и лист хартија на која бил запишан пин-кодот од една од картичките. Откако се симнал од автобусот тој влегол во аптека и со картичката купил лекови и друга стока за сума од 3.165 денари, а малку потоа, на банкомат, реализирал седум трансакции, односно подигнал 35.000 денари.

    Спонзорирано