Основното јавно обвинителство во Тетово донело наредба за отпочнување на кривична истрага за едно лице за кривично дело убиство во обид, но и овој пат не се соопшува ништо што би упатило на идентитетот на можниот сторител.
Имено, обвинителството веќе по навика не соопштува ни иницијали на осомничениот, но затоа, пак, во нивното „писание“ стои дека настанот се случил на 13. овој месец, кога „анонимниот“, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, оштетениот, заедно со уште едно лице пристигнал пред домот на сега осомничениот, по што започнале вербална расправија. Осомничениот, кој најпрвин се наоѓал на балконот од куќата, излегол надвор, а потоа со нож му нанел удар во вратот, нанесувајќи му притоа тешка повреда. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Судија на претходна постапка на осомничниот му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.
НОВА ИСТРАГА ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ТЕТОВО
Спонзорирано