НОВА ИСТРАГА ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ И УШТЕ ДВАЈЦА ОД ВЕЌЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ

1311

Поранешниот секретар на Владата се товари за уште две злоупотреби, односно дека го оштетил државниот Буџет за 110.000 евра и дека на второосомничниот му одобрил авторски хонарор од 80.000 илјади денари којшто го делеле меѓу себе

Поранешниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски, повторо е осомничен за нова злоупотреба, а заедно со него се осомничени ушѕте двајца, од тројцата веќе осо,ничени за набавката на софтверот за контрола на сообраќајаот.
Имено, како што велат од Обвинителството додека се постапувало во предметот кој се однесува на набавката на софтвер и работи за потребите на софтверот, од прибраниот доказен материјал произлегло дека тројца од нив сториле уште две кривични дела, поради што е донесена нова наредба за спроведување кривична истрага за три лица. Така, Рашковски, се товари дека од 2017 до 2019 година, при спроведување на постапка за јавна набавка потпомогнат од другите двајца осомничени ја злоупотребил службената положба и овластување. Тој, со умисла помогнат од второосомничениот, во периодот од 2019 – 2021 година, за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ.
„Првоосомничениот, како службено лице при спроведување на постапка за јавна набавка искористувајќи исти прилики, со умисла извршил две временски поврзани дејствија со помош на останатите двајца осомничени. Со преземените дејствија спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, за економски оператор прибавиле корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор за истата на износ од 6.455.816 денари со вклучен 18 проценти ДДВ. Воедно, без да се испочитуваат одредбите од Законот за јавни набавки, во втората половина на 2017 година, без спроведена постапка за јавна набавка, првоосомничениот извршил плаќање по разни основи на правно лице сопственост на третоосомничениот во вкупен износ од 168.100 денари или 2.720 евра. Со дејствијата е нанесена штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 6.623.916 денари“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и се појаснува дека Рашковски „од мај 2019 година до месец февруари 2021 година, го искористил службеното овластување и со умисла помогнат од второосомничениот склучиле два авторски договори за кои, на месечно ниво, на второосомничениот му бил исплаќан нето износ од 80.000 денари. Согласно претходен договор меѓу двајцата осомничени, паричните средства биле делени во сооднос 5:3 во корист на второосомничениот, со што првоосомничениот за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ од вкупно 590.000 денари“.
Инаку, освен новата наредба за истрага Обвинителствтото бара од кривичниот суд да му го продолжи веќе изречениот притвор на Драги Рашковски.

(Љ.С.)

Спонзорирано