НА СРЃАН КЕРИМ УТРЕ МУ СЕ СУДИ, ТОЈ НЕ ДОАЃА НА СУДЕЊЕ!

1060

Во скопскиот кривичен суд, утре, ќе му се суди на Срѓан Керим, поранешен сопственик и косопственик на „Медиа Принт Македоноја“, за финансиска недисциплина, односно дека не плаќал на фирмите кои испорачале услуги.
Она што засега е извесно е дека на Керим ќе му се суди во негово отсуство, бидејќи тој, барем засега, не планира да се врати во земјава.
Керим, пред нешто повеќе од два месеца, односно од денот кога „ПРАВОСУДСТВО.МК“ го најави овој процес, го негираше овој случај, а сега одбрана ќе ја дава преку неговот ангажиран бранител.
Мали, скоро никакви се шансите Керим да избегне казнување, бидејќи овој судски процес е инициран од Управата за јавни приходи (УЈП), уште во февруари 2018 година.
Како што веќе пишувавме на фирмата „Офсет Ацо“, треба да и се плати фактура од околу 30.000 денари, но со обврска плаќањето да биде реализирано до средината на мај 2017 година, но Срѓан Керим освен што не ги уплатил барани средства, туку го игнорирал и добиенетото „Известување за пречекорување на законските рокови за плаќање на обврските“, со датум од 21. јуни 2017 година.
Слична е состојбата и со такси компанијата „ИН Такси“, на која Керим избегнал да и плати 208.000 денари или безмалку 13.000 евра!
Освен утрешното, на Срѓан Керим, му претстои уште еден судски процес. Имено, сега се уште се води како осомничен во предметот „Империја“, но за малверазациите направени во „МПМ“ и за уништувањето на три дневни весници ќе му биде судено, заедно со Јордан Камчев, кој, исто така, беше косопственик на споменатата фирма.
Тие се сомничат за повеќе кривични дела: злосторничко здружување, измами, отворање на лажен стечај, оштетување на доверители и за злоупотреба на службената положба и овластувања и за злоупотреби на средства во износ од неколку милиони евра.

Спонзорирано