МИТКО ЧАВКОВ ОД „ШУТКА“ – ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП

1611

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, од вчера е во затворот во Штип, откако, по негово барање го напуштил затворот „Скопје“, во скопската населба Шуто Оризари.
Замената на затворот „Шутка“, со затворот во Штип, наводно бил инициран од се позачестените закани кои што му биле упатувани на Чавков. Речеси од исти причини Чавков тој еднаш веќе го напушти затворот „Скопје“ и замина на издржување на затворската казна во „Идризово“, но тој и таму бил вербално напаѓан од лица кои сметаат дека токму тој е виновен за нивното затворање.
Како и да е на Чавков му претстои издржување на затворска казна во траење од 18 години за неговото учество во случувањата од 27. април 2017 година.
Инаку, Митко Чавков ќе остане запаметен како човек кој на петти мај 2015 година ја предводеше полицијата во бруталното претепување на протестанти кои се беа насобрале пред Владата, откако целата јавност слушна дека токму МВР стои зад убиството на младиот Мартин Нешковски, но дека таа вистина требало да се сокрие. Митко Чавков стоеше речеси зад секоја полициска интервенција и во времето на таканаречената „Шарена револуција“!

Спонзорирано