МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ НЕМА НИКАКВИ ПОВРЕДИ!

    1215

    Доцна попладнево од Градската болница „8 Септември“ и официјалноо потврдија дека, по прием, кај Миле Јанакиески не биле констатирани телесни повреди.
    „Во ГОБ ‘8 Септември’ – Скопје е примено лицето М.Ј. кој анамнестички, (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршен соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди“, се вели во официјалното соопштение на болницата и притоа апелираат да се следат само официјални информации од надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации, како што беше онаа дека на Јанакиески му била констатирана фрактура на една рака.
    Денеска во болницата се појавила и партиска делегација којашто ја предводел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но тој не остварил средба со Јанакиески, бидејќи осомничениот има третман на притворено лице и за остварување средба со него постои посебна законска процедура.
    Вчера притворените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, денеска, во затворот „Скопје“, најнапред биле вербално, а потоа и физички нападнати од притворено лице.

    Спонзорирано