Основното јавно обвинителство – Скопје до скопскиот кривичен суд поднесе обвинителен акт за лице кое што тие го обвинуваат за кривично дело: Запуштање и малтретирање дете.
Од она што како соопштение го објавува обвинителството може да се заклучи дека обинетиот е всушност жена која „во состојба на битно намалена пресметливост, како родител на 13 – месечно бебе, во периодот од 15. јуни до седми јули минатата година, со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа, го запуштила детето и со тоа го довела во опасност неговиот живот“. Имено, во временски период додека таткото бил на издржување казна затвор, таа, повремено, бебето го оставала сам. Како резултат на негрижа, на седми јули, кај детето биле констатирани тешки телесни повреди изразени како скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце.
Од резултатите на наредените психијатриски вештачења врз сега обвинетата произлезе дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост, односно и самат не можела да го разбере делото. Имено, таа не можела да управува со своите постапки, токму поради нејзината намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, односно намалена способност за анализирање на своите постапки и за разбирање на суштината на своето дејствување.
Со оглед на тоа што постојат законски услови за изрекување мерка на безбедност во случај на битно намалена пресметливост даден е педлог, со изрекување на казната, на обвинетата да и се изрече и мерка на безбедност: задолжително психијатриско лекување на слобода.
МАЈКА СО НАМАЛЕНА ПРЕСМЕТЛИВОСТ ОБВИНЕТА ЗА ЗАПУШТАЊЕ НА ДЕТЕ!
Спонзорирано