КУЌЕН ПРИТВОР ЗА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ!

1392

Поради здравствени причини, Судија на претходна постапка не го прифати предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на екс-градоначалникот на Оптина „Карпош“, Стевчо Јакимовски, да му изрече мерка притвор.
Имено, судот, и покрај основаните сомневања дека Јакимовски сторил злоупотреби со легализација на градежни објекти и државно земјиште, сепак му изрече поблага мерка – куќен притвор.
И за другите двајца, за кои Обвинителството побара притвор, Судија на претходна постапка определил поблаги мерки за претпазливост, дотолку повеќе што за еден од нив веќе биле изречени истите мерки, но за случајот „Топлик“.
Стеве Јакимовски во кривичниот суд беше спроведен нешто после 13 часот. Со него, како осомничени беа спроведени уште двајца вработени во Општината, како и неколкумина бизнисменми на јкои Јакимовски, како градоначалник им овозможил, на три фирми, да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот.
Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи предмет на исттрага се лицата Г.Р. (51), управител на „Гром Промет“, Ч.А. (67), управител на „Емаг“, С.П (53), управител на “Дот мебел“ и Т.К.(58), како физичко лице. Споменаљтите се товарат за кривично дело: поттикнување, а во врска со кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Така, на „Гром Промет“ му било овозможено да стекне имотна корист, во вид на градежно земјиште, во вкупна површина од 1.533 метри квадратни, кое 2016 година имало вредност од најмалку 27.594.000 денари или 448.683 евра.
На правното лице „Емаг“ му било овозможено противправно да стекне имотна корист во вид на градежно земјиште во вкупна површина од 722 метри квасдратни. Земјиштето, во 2016 година, било проценето на 12.996.000 денари или 211.317 евра. Фирмата „Дот мебел“ стекнала со право на откуп на земјиште под објект во сопственост на државата за 450 денари иако квадратен метар, реално чинел 300 евра.

Спонзорирано