КОЛЕ ШТЕРЈОВ НЕ ПЛАНИРА ДА ЈА ПЛАТИ ПРЕКРШОЧНАТА ПРИЈАВА

1362

Според пишувањето на новинската агенција „Макфакс“, претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјов, не планира да ја плати прекршочната пријава што му ја изрече Државната комисија за спречување на корупцијата.
Не ја платив. Не ми паѓа на ум. Кога ќе одлучи судот, тогаш“, рече денеска Штерјов, кој од неговата функција и позиција и не смее да помисли вака да се однесува.
Прекршочната пријава на Штерјов му беше изречена откако ДКСК констатира судир на интереси со изборот на неговата внука Марија Ѓорѓева во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Штерјов освен што им порача на антикорупционерите да бидат поконсеквенти, со свое мислење за роднинството во кое го замеша и актуелниот претседател на Собранието.
Коле Штерјов пред две години стапи на должност претседател на Советот на јавни обвинители. Тој вети поголема транспаретност во работењето на Советот, но иминативе две години него го следат само скандали, почнувајќи од изботот на неговата внука, до уништувањето на службеното возило, па се до расправии со новинари кои критични се однесуваат кон неговата работа.

Спонзорирано