Ќе излезе ли Мијалков од куќен притвор

1038

Тимот на бранители на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, до судот поднесе барање за укинување на мерката куќен притвор, а според предвидувањата, денеска или најдоцна в понеделник, истоветно барање ќе биде поднесено и за Орце Камчев, првоосомничен во предметот наречен „Империја“. Имено, бранителите на Мијалков и Камчев веќе ги исползуваат заклучоците кои пред само два дена, на Општа седница ги донесе Врховниот суд на Република Македонија, а со кои Специјалното јавно обвинителство беше огласен за неовластен тужител за преземање постапки.

„Бараме укинување на мерката притвор, односно на мерката куќен притвор, бидејќи истата е изречена од неовластен тужител. Специјалното јавно обвинителство, според искажано мислење на Врховниот суд, не може да води предистраги и истраги, по истек на законскиот рок, а согласно член 22 од Законот за јавно обвинителство.“

Адвокатите на Мијалков се повикуваат на членот 17 од Законот за кривична постапка со кој се утврдува начелото на акузаторност и официјалност, односно членот со кој уредува делот кој се однесува на на овластениот тужител. За адвокатите е спорен и членот 166 кој говори за органот кој определува притвор во претходна постапка. Нивната замерка е во поглед на притворот изречен во претходна постапка, а кој е определен од судот, по писмен и образложен предлог на овластен тужител и само врз основите што ги навел овластениот тужител во предлогот. Ваквите заклучоци на адвкатите на Мијалков и Камчев доаѓаат по констатацијата на Врховниот суд на Република Македонија дека СЈО, по истекот на рокот од 18 месеци, веќе не е овластен тужител и не може да презема јавнообвинителски работи.

Засега останува непознато дали мислењето на Врховниот суд ќе биде применето и во други, слични предмети, дотолку повеќе што, под одредени услови, мерката притвор им беше укината и на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Целиот текст на 24.мк.

Спонзорирано