Кај Иванов стигнале повеќе барања за аболиција за 27 април

1017

До кабинетот на претседателот во заминување Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за насилствата во парламентот на 27 април.
Од кабинетот на претседателот велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот.
За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.
Премиерот Зоран Заев изјави дека не очекува Иванов да одобри аболиција за осудените. Тоај посочи дека веќе нема законска можност за таква аболиција.
-Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.
Правосудство.мк

Спонзорирано