Јовески: Најважно е под чиј надзор ќе биде СЈО

1732

За нормално и ефикасно функционирање на обвинителството неопходни се 230 обвинители, што значи немањето на шеесетина обвинители сега е сериозен проблем кој, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, очекува да се надмине со измена на законите.Вели дека има индиции оти разговорите во телефонската централа во зградата на Обвинителството и во новата зграда на Основниот суд Скопје 1 се снимани од моментот на пуштањето на централата во 2013 година. Зборувајќи за Специјалното јавно обвинителство, Јовески посочува дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство.
-Со стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на jавни обвинителства. Работната група која работеше на подготовка на Законот изготви ваква верзија. Мора да се вреднува и да се земе предвид дека Специјалното јавно обвинителство, постави нови стандарди и нова перцепција за обвинителството. Тука пред се мислам на истражувањето на предметите и изборувањето за целосна финансиска независност. СЈО наметна и поинаков начин на работење, како што е транспарентноста во работењето и покрај тоа што со одредени постапки не се согласувам. Моја заложба е СЈО во делот на кривичните дела за кое е основано да ја задржи досегашната самостојност за тие кривични дела, а со оглед дека му се додава нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела, за таа надлежност да важат општите правила како и за другите обвинителства. Се разбира дека за определени постапки треба да се определи негова самостојност, но особено сметам дека е суштествено да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство, вели Јовески во интервјуто за МИА.

Спонзорирано