ИСТРАГА ЗА ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ

1277

На автопатот Гевгелија-Скопје, на шест и пол километри после мостот „Виничани“, вчера во 16.40 часот, се случи сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти.
Имено, додека се движеле во ист правец комбе „мерцедес спринтер“, со швајцарска регистарска ознака, управувано од лице на возраст од 74 години, и два мотоцикли, во момент едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето, но другиот мотоцикл удрил во комбето по што возачот паднал на коловозот, односно бил исфрлен на просторот помеѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот. Од ударот и падот моторциклистот починал на место.
Дежурен јавен обвинител, со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Велес, извршил увид на местото на настанот и притоа биле фиксирани пронајдените траги и предмети. Обвинителот издал наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата, наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето и за обдукција на починатото лице.

Спонзорирано