ИСТРАГА ЗА НЕПОЗНАТО ЛИЦЕ ЗАРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ НА 0,14 ГРАМА МАРИХУАНА

    997

    Уште едно непознато лице е обвинето дека се занмимавало со недозволена трговија со нарткотични дроги и за кое Јавното обвинителство во Гостивар повело истрага.
    Според нецелосното соопштение на Обвинителството дрогата, при претрес, била пронајдена во кичевското село Лисичане, во дом на непознат маж на возраст од 40 години. Полицијата пронашла импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на марихуана. Биле пронајдени 15 откорнати растенија, со висина од околу еден метар и уште две други растенија кои биле засадени во саксија. Во домот на осомничениот била пронајдени и 0.14 грама марихуана измешана со тутун и ставена во рачно направени цигари.

    Спонзорирано