Поради постоње на основано сомневање дека се занимавале со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, Јавев обвинител од Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе истрага за тројца гостиварци и едно лице од Дебар.
Се работи за лицата со иницијали: Е.М., Х.Ф., Е.И. и Б.П., а кои се на возраст помеѓу 30 и 47 години.
„По повеќемесечна предистражна постапка, вчера, во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и полициските службеници од ОВР Гостивар беше спроведена координирана полициска акција. Во акцијата е разбиена организирана криминална група и е пресечен канал за меѓународен транспорт и недозволена трговија со дрога. Воедно се запленети околу 100 килограми наркотична дрога – марихуана вредна околу 300.000 евра“, велат од Обвинителството и појаснуваат дека сега

осомничените, а со цел да се стекнат со противправна имотна корист, набавиле марихуана којашто ја сместиле во објект во гостиварско. Во текот на вчерашниот ден, а по претходен договор, дрогата му ја предале на еден од пријавените, кој, пак, за паричен надомест требало, со камион, да ја транспортира до Бугарија. Некаде околу 17.15 часот, на патарината „Глумово“, при преглед во камионот („ман“) со приколка, полициските службеници пронашле 19 црни вреќи со 189 пакувања марихуана. Приведените лица во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка со предлог да им биде изречена мерка притвор.

Спонзорирано