ИМУНИТЕТ

3444

 

Љубиша Станковиќ

 

 

 

Во сенка на вчерашните случувања во скопскиот кривичен суд. некако незабележано помина реакцијата на опозицискиата ВМРО-ДПМНЕ која притворените за тепачката од 27. април и натаму ги нарекува „патриоти“.
Во сенка на истите судски случувања помина и информацијата дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера попладне, до кривичниот суд поднел предлог за продолжување на мерката притвор за осомничените за априлските настани.
Имено, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, повикувајќи се на член 165 став 1 точка 1, 2, и 3 од Заклонот за кривична постака, бара определување на притвор, односно продолжување на мерката притвор за 35 лица кои се доведуваат во контекст со случувањата од 27. април минатата година, а кои се товарат за за кривично дело: Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, согласно член 313 од Кривичниот закон.
Помеѓу осомничените и(ли) обвинетите се и имињата на шестмина избрани пратеници од Собранието на РМ. Токму овие лица се јавуваат како „спорни“, бидејќи во јавноста упорно се турка тезата дека тие или се незаконски приведени и притворени или дека им е погазено правото на пратенички имунитет.
Согласно одредбите од Законот за кривична постапка, мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка се: покана, мерки на претпазливост, гаранција, приведување, лишување од слобода, задржување, краткотраен притвор, куќен притвор и притвор и тука нема ништо спорно, како што нема ништо спорно дека наредба за приведување на обвинет може да издаде судот, се разбира, доколку постојат основи за притвор.
Во конкретниот случај судот, а согласно одредбите од ЗКП, издал наредба за приведување на обвинетите, помеѓу кои и на пратеници, а поради постоење основи за изрекување на мерка притвор. И затоа обвинетите, а меѓу нив и пратениците, не биле лишени од слобода, ниту пак задржани.
Кривичниот суд, веројатно сите ќе се сетиме дека веднаш по приемот на предлогот за определување мерка притвор за пратеници, се обрати до претседателот на Собранието на Република Македонија, со барање да се добие одобрување на притвор за шестмина пратеници, а тие, пак, за волја на вистината, во ниту еден момент пред судот не се повикале на нивниот пратенички имунитет.
Претседателот на Собранието на РМ на први декември минатата година до судот достави известување со кое го информира судот дека согласно собранискиот деловник се одобрува определување притвор за сите шест пратеници. Согласно Деловникот на Собранието пратеникот ужива имунитет и ништо друго не е регулирано во врска со имунитетот, туку разбработено е прашањето кога и како може да се определи притвор против пратеник, односно само по добиено одобрение од Собранието.
На веб страната на Собранието на РМ објавен е документ, во рамки на проектот востпоставување и развој на парламентарниот институт, наасловен како: Мандат и имуниет на пратениците. Во него е наведено дека, согласно Уставот, пратениците уживаат два вида имунитет и тоа: материјален или суштински и процедурален имунитет. Овие два вида имунитет ја обезбедуваат слободата и независноста на пратеникот во вршење на пратеничката функција.
И додека материјлниот имунитет му дозволува на пратеникот да не одговара за кажано од говорница, процедуралниот имунитет се однесува на кривични дела сторени надвор од Собранието и подалеку од собранискиата говорница и затоа овој имунитет не подразбира дека за пратеник не може да се поведе постапка за утврдување негова кривична одговорност, ниту, пак, дека пратеникот не може да биде осуден за кривично дело. Процедураниот имунитет значи неможност пратеник да биде притворен без претходно одобрување од Собранието на РМ, како што е и постапено во конкретниот случај и затоа судот, кога на петти минатиот месец, ги повика пратениците постапи согласно барањето на Обвинителство и ги изрече бараните мерки за пратениците.

Спонзорирано