ИГОР СПАСОВ ЕКСТРАДИРАН И ВРАТЕН ВО „ИДРИЗОВО“

1190

Поранешниот припадник на полициската единица „Тигар“, Игор Спасов, денеска е екстрадиран од Бугарија и е вратен во затворот „Идризово“, каде ја издржува затворскат казна во траење од 14 години за убиството на Мартин Нешковски, на шести јуни 2011 година.
Спасов, кој уште во јули 2018 годцна беше сместен во ќелија самица, бидејќи, наводно, се обидел да побегне од КПУ „Идризоно“, но само малку подовна тој успеа да побегне и се до пред еден месец да се крие во Софија. Всушност, апсењето на Игор Спасов, уследи по повик од жена која и се пожалила на полицијата на малтретирање од човек за кој подоцна ќе се потврди дека е лицето кое што се бара со меѓународна потерница.
На 16. јануари 2012 година штипјанецот Игор Спасов, од Штип, за убиство на Мартин Нешковски беше осуден на казна затвор во траење од 14 години за сторено кривично дело убиство. Само шест месеци подоцна, односно на девети јули истата година, скопскиот Апелационен суд ја потврди првостепената пресуда на скопсја „единица“, каде тој се колнеше дека не е убиецот на Нешковски.
Со формирање на Специјалното јавно обвинителство тој неколку пати беше повикуван на распит за да го појасни тој немел настан, но и покрај очекувањата не се случи ништо спектакуларно.

Спонзорирано