Христијан Мицкоски не дојде во полиција за да даде исказ за седењето во ресторан на „Боемска“

1224

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска не се појави во полициската станица „Центар“ каде требаше да појасни како се случи тој, на трети овој месец, надвор од сите протоколи, да седи во во внатрешност на угостителски објект, на улицата „Боемска“, придружуван од неколку лица кои како и тој не носеле заштитни маски. Имено, во полициска станица наместо Мицкоски се појавил неговиот адвокат, а се појавил и некогашниот директор на сега веќе расформираната Управа за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски, инаку актуелен советник на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Андоновски потврди дека критичната вечер тој го придружувал Мицкоски, а презема и дел од вината со тврдењето дека тој предложил да седнат во внатрешноста на ресторанот. Андоновски тврди дека сопственикот на локалот не знаел дека се седело внатре, но во исто време негира дека тои и останатите ја попречувале работата на трудовата инспекција, иако јавноста беше сведок дека заминувањето на Мицкоски траеше долго време, а се шпекулираше дека се интервернирало и на снимките од заштитните камери. Мицкоски, наредниот ден потврди дека бил во локалот, но кажа дека не му биле познати протоколите,односмо дека не смее да се седи ввнатре во објектот, дека не смее да седат повеќе од две лица и дека сите мора да носат заштитни маски.

Спонзорирано