Управата за финансиска полиција, до Обвинителството за организиран криминал, поднело пријава за неколку лица за сторени повеќе кривични дела

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава за пет физички и три правни лица меѓу кои и за градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски (60).
На листата на пријавени се и сопственикот, но и овластен сопственик на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Аце Транс Компани“ и на правното лице „Леома Транс“, потоа инженер за надзор, сопственик и управител на „СМ БАУ“ и потписник на банкарските сметки на „Чола Топ“ од Батинци, како и управителот на пријавениот правен субјект „Аце Транс Компани“.
Како што потврдуваат од УФП за пријавените постојат основи на сомнение за сторени кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластувања, поттикнување, злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство, потоа помагање и перење пари и други приноси од казниво дело.
Првопријавениот, односно градоначалникот на Општина Петровец, во соработка со третопријавениот, како ангажирано лице за надзор, а двајцата поттикнати од второпријавениот, инаку вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Аце Транс Компани“ и н „Леома Транс“, а згора на тоа и брат на Митевски, од 2012 до 2018 година ја злоупотребиле службената положба и овластување така што градопначалникот, во име на Општината, извршил плаќање на 24 фиктивни фактури во вкупен износ од 31.845.470 денари. Исплатата се однсеувала на наводно извршени градежни работи и утовар, транспорт и истовар на градежен шут, а по претходно склучени повеќе договори за јавни набавки.
Второпријавениот, како сопственик на двете споменати фирми и потписник на нивните сметки, иако бил свесен дека работите не биле извршени, дел од наплатените парични средства, во висина од 7.520.365 денари, ги искористил за купување на возила и градежна механизација, а уште 7.530.181 денар, врз основа на фиктивни фактури издадени од пријавените правни лица „СМ БАУ“ и „Чола Топ“ ги префрлил на банкарските сметки на наведените правни субјекти, од каде четвртопријавенио подигнал во готово.
„Петтопријавеното физичко лице, во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект ‘Аце Транс Компани ДООЕЛ Скопје’, а по претходни усни инструкции и насоки дадени од страна второпријавениот, во својство на вистински сопственик на пријавениот правен субјект, поднел понуда во постапка за Јавна набавка број 21/13 во прилог на која понуда доставил изјава за располагање со техничка опрема со невистинита содржина и врз основа на така доставената лажна изјава, пријавениот правен субјект ‘Аце Транс Компани ДООЕЛ Скопје’, се стекнал со право на учество во постапка за јавна набавка, односно бил избран за најповолен понудувач и како таков склучил договор за јавна набавка со Општината Петеровец, на износ до 33.000.000 денари, без да располага со бараната механизација“, се вели во соопштениетото лиферувано од Управата за Финансиска полиција и притоа се појаснува дека споменатата фирма станала „побогата“ за 32.673.415 денари или нешто повеќе од половина милион евра.
Според УФП со ваквото работење осомничените се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.845.470 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Петровец.

Спонзорирано