ЃОКО ПОПОВСКИ СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРЕЗОР“

1721

Иако осуден, поранешниот помошник министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, денеска се појави во скопскиот кривичен суд за да сведочи во предметот наречен „Трезор“, односно во предметот во кој се обвинети Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ.
Сведокот рече дека ги препознава договорите и анексите што тој ги потпишал како помошник министер за јавни набавки во МВР, а кои се со степен на државна тајна и со појаснување дека архивите заведуваат документи кои се со степен на строго доверливо. Поповски препозна документ за кој кажа дека не потпишан од него, но дека дека во графата стоело допишано дека „Финзи“ е произведувач на опремата за прислушување, која, пак, требало да се набави од Велика Британија,
Имено, Поповски потврди дека МВР купувало опрема, дека има негов потпис, но дека од за “Финзи“ потпишал обвинетиот Стајковиќ.
Во случајот „Трезор“ четворицата обвинети се товарат за злоупотреба при набавка на опрема за прислушување вредна 820.000 евра. Имено, набавката, според обвинувањата на СЈО, не одела директно од добавувачот од Велика Британија, туку требало да оди преку фирмата „Финзи“ чиј што сопственик извесно време беше и Коста Крпач кој, наводно, самиот си го одзема животот.

Спонзорирано