ЕКСКЛУЗИВНО: И Врховниот суд го „поништи“ Владимир Панчевски!

6309

Со вчерашната одлука на Жалбениот совет, Владимир Панчевски никогаш повеќе не ќе може да може да прима судиска плата, како што примаше цела една година, откако беше рзрешен од фуницијата

 

Со осум гласа „за“ и само еден „против“ Жалбениот совет на Врхониот суд на Република Северна Макадонија, по одржана Општа седница, ја отфрли жалбата на сега веќе поранешниот судија Владимир Панчевски, со што и формално се потврди дека тој веќе не може да прима плата како функционер, како што тоа се случуваше досега и тоа од денот на неговото разрешување.
На вчера одржаната седница, иако уредно поканет Панчевски не се појавил, а не дошле и неговите адвокати, откако претходно до Советот доставиле небулозни причини за одложување, како што е старт на изборна кампања, болест и слично. Адвокатите на Панчевски, во понеделникот, по нивно барање, требало да извршат увид во предметот, но тие воопшто не се појавиле во Врховниот суд, како што не се појавиле и на вчера одржжаната седница.
Инаку, на еден ден пред стартот на седницата и претходела одлука со која биле одбиени барањата на Владимир Панчевски да се изземат тројца судии – членови на Советот, а со што се отвориле вратите за натамошно непречено постапување.
Најновата одлука може да се постамтра како продолжение на одлуката на Судскиот совет на РСМ со која Владимир Панчевски, поради злоупотреби на АКМИС системот, беше разрешен од судиската функција. Имено, со неговото разрешување се отвори можноста судијиите да ја добијат својата разлика во плата, а што беше „заглавено“ токму поради него, бидејќи тој, иако суспендиран од работното место, мислеше дека и нему му следи покачување на платата. За сторените злоупотреби на АКМИС-системот на Панчевски веќе му се суди во Кривичниот оддел на судот во Велес. Имено, тој одговара за делење на предмети на рака на судии по негов избор. Панчевски се обидува да го избегне судењето на кое крично ќе одговара манипулациите со предмети во период од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, одноцно во време кога тој ја извршуваше функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Проблематичиот и сега веќе трајно разрешениот Владимир Панчевски е во постојан судир со негови колеги. Тој, по тужба на вработен во судот, е птравосилно осуден за мобинг. Панчевски, преку социјалните мрежи ( каде долго време се претставуваше со изсмислени женски имиња ) е во конфликт и со медиуми и новинари.

За него „Правосудство“ објави дека како малолетник обивал и крадел по станови во центарот на Скопје и дека физички се преметува со жени.

(Љ.Станковиќ)

Спонзорирано