Велешкото Обвинителство отворило истрага за јавноста непозанато лице од Гевгелија, на возраст од 40 години, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела: недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и разбојништво.
Осомничениот од 12. октомври минатата до 22. овој месец, неовластено држел преправено огнено оружје, односно ловна пушка „збројовка Брно“, со калибар од16 милиметри и осум куршуми. На пушката претходно биле извршени механички интервенции со кои и биле скратени цевките и кундакот. Со ова оружје осомничениот на девети минатиот месец, во 2.40 часот отишол, во казино во Гевгелија, каде, откако влегол преку споредниот влез, маскиран со качулка на главата, го вперил оружјето кон касиерот. Осомничениот од фиоката на работното биро и од касата одзел 150.000 денари. Парите ги ставил во најлонско кесе и преку споредниот влез излегол од касиното и заминал.
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му оределил мерка притвор во траење од 30 дена.
ЕДЕН МЕСЕЦ ПРИТВОР ЗА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБИ КАЗИНО ВО ГЕВГЕЛИЈА
Спонзорирано