ЏЕМАЛИ МЕХАЗИ СВЕДОЧЕШЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „MАЃАР TЕЛЕКОМ“

1452

Поранешниот министер за транспорт и врски, Џемали Мехази, знаел за протоколот со кој Владата на Република Македонија му дала на „Маѓар Телеком“, одредени пазарни повластици, но затоа, пак, не знаеше да каже ништо за потпишаните договори помеѓу „Македонски телеком“, одонсно „Камени мост комуникации“ и кипарската „Чаптекс холдинг лимитед“.

Сведокот Мехази на стартот на неговото сведочење не можеше да го препознае сопствениот потпис, ставен под еден од двата потпипани протокола со „Маѓар телеком“, но за него било битно државата да го добие својот дел од девидендата „тешка“ 90 милиони евра.

– „Како ресорен министар требаше да го потпишам протоколот. Извршив увид во него, а за потпишување имав добиено и овластување од Владата. Од кабинетот на премерот ми беше кажано дека треба да ставам потпис на протоколот, бидејќи Владата, во тоа време, имаше 49 проценти од акцииите во „Македонски телеком“.“ – изјави Џемали Мехази.

Сведокот Мехази, пред судечки совет на скопскиот кривичен суд, посведочи не може да се сети на делови од протоколот, а не може да се присети: кога и каде го потпишал предметниот договор, за кој не знае дали воопшто е заведен во деловните книги.

Јавната обвинителка Лиле Стефанова на сведокот му предочи одредени докази кои упатуваат на незаконски исплати на милионски износи. Стефанова зборуваше за пет милиони евра што требало да им бидат исплатени на лицата А.А. и М.Џ., односно „тетовските пријатели“ на унгарските менаџери. Таа ја наведе и точната динамика на исплата на парите, со три термини, а презентираше и други детаљи поврзани со висината на износите и динамиката на исплата.

– „Прв пат сега слушам за ваков договор. Ниту сум слушнал, ниту сум знаел! Јас не сум учествувал во составувањето на ваков еден протокол. И тој што е потпишан, јас го потпишав како ресорен министер.“ – – изјави Џемали Мехази.

Џемали Мехази, кој како поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување е еден од обвинетите за смртта на малата Тамара Димовска, денеска посведочи дека не му е познато кога „Маѓар телеком“ извршил докуп на уште еден пакет акции на „Македонски телеком“.

Според судијката Ленка Давиткова веќе следната недела треба да сведочи разузнавачот Слободан Богоевски, кој, пак, за овој голем корупциски скандал сведочеше пред американската Комисија за хартии од вредност и пред Апелацискиот суд во Њујорк.

Богоевски обвини дека унгарските менаџери богато ги наградиле тогашниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери.

На судскиот процес кој се води против Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјанус, за втората половина на април треба да се очекува, во својство на сведоци, да се појават и професорот на правниот факултет Борче Давитковски и грчкиот бизнисмен Михалис Кефалијанис.

Спонзорирано