Дика и Азманов – нови лица на распит за „Рекет“

569

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска продолжи распитот во рамки на истрагата за аферата „Рекет“, така што Агапи Дика, претседателка на Собранието на  Меѓународниот сојуз и бизнисменот Зоран Азманов со часови даваа исказ.

Пред извесно време, исказ во Обвинителството дала и главната финансиска координаторка на Меѓународниот сојуз – Јованка Кухар, а претходно на распит беше повикана и потпретседателката на парламентот Фросина Ременски, која е почесен претседател на Меѓународниот сојуз.

Зоран Азманов, сопственик на градежната компанија „Настел“, пак, во почетокот на годинава, по емитувањето на рекламата за емисијата Инсајдер која се емитуваше на 1ТВ,  тврдеше дека сега првоосомничениот Бојан ЈОвановски – Боки 13 му барал 50.000 евра или стан. Бизнисменот рече дека го пријавил случајот во полиција и поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.

Во обвинителство, како што се јавува, била повикана и продавачка од продавницата „Пјер Карден“ од каде што наводно Јовановски купувал мебел. Тој беше уапсен во јули, а притворот месецов му е продолжен за нови триесет дена. Осомничен е за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Со него беше приведен и Зоран Милески Кичеец, осомничен за “примање награда за противзаконито влијание” .Еден месец подоцна беше притворена  и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која  од денеска одлежува нови 30 дена протвор.

Спонзорирано