Државната изборна комисија, по поднесената жалба до Апелација, поднесе и преставка до Судскиот совет поради Решението на Основниот суд Скопје 2, со кое ѝ се наложува на ДИК веднаш да го објави ценовникот на 1ТВ и да го испрати до политичките партии. Државната изборна Комисија во жалбата до Апелација наведува и дека Основниот суд 2 не може да донесе времена мерка, со која во рок од 30 дена би поднела тужба за утврдување на правото на платено политичко рекламирање и надомест на штета од 100.000 евра, колку што проценува 1ТВ затоа што овој суд не е ниту надлежен да постапува по управни постапки, туку за граѓански, јави Телма.
Судскиот совет вчера доби преставка и од ММА заради непрофесионалното и неправилно работење на судскиот систем во Македонија, со која укажа на неправилната одлука на судот. Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за Телма изјави дека ќе ги разгледа преставките, по што ќе извести за понатамошното постапување на советот .
1ТВ претходно не ги испочитува законските рокови да ги достави ценовниците во рок од пет дена од распишување на изборите, во кој рок радиодифузерите се должни на своите програми и два пати да ги истакнат ценовниците. Ова е јасно истакнато во член 75 од Изборниот законик.
ДИК во жалбата до Апелација нагласува и дека Основниот суд 2 не дава објаснување врз основа на што ја црпи надлежноста за овој предмет, и додава дека ДИК не може да се јави како противник во овој предмет бидејќи со 1ТВ немаат никакви должничко доверителски односи. ДИК во неколку наврати во тужбата потенцира дека само Управниот суд е надлежен за ваквите постапки а овој суд веќе два пати негативно се произнесе и го одби барањето на 1ТВ како незаконско.
Со слична содржина беше и преставката на ММА до Судскиот совет, Антикорупциската Комисија, ДИК и ОБСЕ. Откако беше прозван Основниот суд 2 денеска ги демантираше наводите на Македонската медиумска асоцијација. Сепак и покрај ваквиот демант Основниот суд Скопје 2 се вмеша директно во изборниот процес со тоа што донесе решение за спор за кој не е надлежен да суди а нивната пресуда доведува до дополнително кршење на Законите.
Доколу Апелација ја укине пресудата на Основниот суд 2 во тој случај ДИК нема да може да исплати средства на 1ТВ. Така телевизијата крши уште еден закон, прави бесплатен политички маркетинг, а во Македонија е кривично дело доколку медиуми финансираат политички партии.
ДИК поднесе преставка и до Судскиот совет за одлуката за 1ТВ
Спонзорирано