Девет години за „Боки 13“ и 7 години затвор за Катица Јанева!

1923

Бојан Јовановски, според судот, ги сторил делата за кои е обвинет, а Јанева, како негова пријателка му помогнала во реализација на неговите планови и земањето на 1,5 милиони евра

 

Судијката Васка Николовска-Масевска, како претседател на судечкиот совет кој постапува во предмето наречен „Рекет“ ги огласи за виновни обвинетите Бојан Јовановски алиас Боки 13 и екс-шефицата на некогашното Специјално јавно обвинителствто, Катица Јанева.
Бојан Јовановски кој се товари за две кривични дела: примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и други приноси од казнено дело е осуден на по пет години затвор, но со птимена на закон тиој е осуден на единствена казна затворт во тррање од 9 години, а Катица Јанева, за сторена злоупотреба на службената положба и овластувања судот ја осуди на казна затвор во траење од седум години.
Судот, немал дилеми дека Бојан Јовановски, од Орце Камчев, најнапред договорил, а потоа и сукцесивно земал 1,5 милиони евра. За возврат Камчев требало да добие запирање на кривичниот прогон во предметот наречен „Империја“ каде освен него и негов пријатели како осомничени се водат и неговата мајка и сестра.
Во елаборација на својата одлука судијката Васка Николовска-Масевска потсети дека биле одржани голем број судски рочишта, дека биле распрашани 30 сведоци, но и тоа дека судот ги прифатил материлајните докази, односно аудио записите од телефонски разговоти. За судот се прифатливи и сведочењата на Ана и Орце Камчев и нивните тврдења дека им биле барани големи суми пари.
На изрекувањето на провотепената пресуда денеска не присуствуваше обвинетата Катица Јанева. Судот информира дека до него било доставен поднесок со кој обвинетата Јанева бара да не биде спроведувана, па таа пресудата ќе ја слушне дома каде е на издржување на мерката куќен притвор.
Добиениот збор, а по однос на мерката притвор, Боки 13 , како многу пати пред тоа, го злоупотреби за да може да се каже дека нему, наводно, му е изречена „политичка пресуда“?!
Долго време се нагаѓаше дали предметниот милион е даден и ако парите биле земени каде тие завршиле. И покрај илегално направените снимки на пари скадиранио во патничка торба „Луј Витон“, сепак, обвинетите негираа дека воопшто дошло до исплата, но на крајот беше кажано дека средствата завршиле во домот на родителите на Боки 13.
Сега осудениот Бојан Јовановски својата одбраната започна да ја „темели“ со кажувања на неговиот адвокат дека неговото здравје е нарушено и тој безброј пати беше носен на медицински испитувања во скопските болници, но на крајот се се сведе на болки кои му биле предизвикани од хируршка интервенција. Пред судечкиот совет, во своја одбрана, Боки 13 „распали“ кон Орце Камчев, а за него виновни се и јавната обвинителка Вилма Русковска, екс-премиерот Зоран Заев, Христиојан Мицкоски и веќе осудениот Зоран Милески викан „Кичеец“. Тој, на почетокот, имаше напаѓачки однос и кон самата Јанева за потоа да изјави дека со неа се запознал кон средината на септември 2018 година, кога од неа побарал да гостува на сега пропадната „1 ТВ“.
Дел од котроверзите кои го следат овој случај е и сведочењето на второобвинетата, Катица Јанева. Таа пред судот побара да се даде одговор на прашањето: До каде е стигнато со предметот наречен „Империја“ и притоа ја пофали работата на нејзината некогашна соработничка, Лиле Стефанова, обвинителка во СЈО. Имено, пофалните зборови упатени кон Стефанова беа изненадување, ако се знае дека токму таа беше најмногу навредувана од неа со зборови кои не и прилегаат на една жена и обвинителка. Но, Јанева, исто така посведочи дека Орце Камчев уништувал докази за „Империја“, иако тоа што ним им требало веќе било обезбедено, а кажа и тоа дека тој му дал мобилни телефони на Зоран Милески да ги уништи заеднмо со доказите во нив. Поранешната шефицата на сега веќе непосточекото СЈО потсети дека Орце Камчев, во еден ден, успреал да ги купи „Стопанска банка Битола“, ИК „Пелагонија“ и млекарницата „Здравје“, од Радово, што, секако, претставува вистинско чудо.
Отфлиајќи каква и да е политичка инволвираност во овој случај екс-премиерот Зоран Заев изјавби дека токму тој, уште на 22. април минатата година, го пријавил случајот „Рекет“ во обвинителствтото. Заев кажа дека откако бил известен за случајот тој информацијата само ја проследил до надлежните институции.
Инаку, на почетокот на минатиот декември, Зоран Милески викан „Кичеец“, исто така обвинет за примање награда за противзаконско влијание, по само едно едно одржано рочиште беше осуден на ефетктивна затворска казна во траење ое три години. За него постапката беше одвоена, бидејќи тој се согласи да го признае делото за кое се товареше.

(Љ. Станковиќ)

Спонзорирано