– Препораките кои ги добивме се многу јасни и се упатени јавно дека она што меѓународната заедница ќе го цени како позитивен исчекор, но и како одлучност во борбата против криминалот и корупцијата, е праќање на сигнал дека која било влада не треба да се плаши од борбата против корупцијата бидејќи секој тип на незаконско делување во рамки на било која влада треба да биде казнето со организирање на јавно обвинителство кое ќе гони сторителите на висока корупација. Во нашиот закон е ставено како Специјално јавно обвинитество кое ќе ги задржи постојните капацитети и ќе добие проширени надлежности и гаранции за своето идно делување, изјави министерката за правда Рената Треневска-Дескоска пред денешната нова рунда преговори за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на СЈО.
Дескоска рече дека може да се очекува напредок доколку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да ги почитуваат препораките на меѓународната заедница, но ако останат на своите ставови, тогаш не гледа надеж дека нешто посебно би се случило. Таа повтори дека не се согласува дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО, туку оти како држава ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО.
Дескоска додаде дека ќе направат напори да се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за изгласување на овој закон.
– Прашање на пратеничките групи и политичките партии е дали ќе сакаат да се приклучат во евроинтергативните процеси или ќе стават приоритет на штитењето на криминалот во сопствените редови, нагласи Дескоска.
И судијката Маргарита Цаца Николовска смета дека СЈО мора да продолжи да работи во насока на утврдување на она што било криминал и на она што не било криминал.
– Не може да прифаќаме состојби до вчера прислушкуваните материјали да бидат еден од доказите, а сега одеднаш да донесеме одлука дека тие докази треба да бидат ставени на страна, изјави Цаца Николовска.
Особено е важно, според неа, е кој било орган да постапува да бидат имплементирани стадардите на фер постапка.
Дескоска: Да се овозможи трајно функционирање на СЈО
Спонзорирано