ОБВИНЕНИЕ ЗА ДВАЈЦА БИТОЛСКИ ГИНЕКОЛОЗИ

559

Битолското Јавно обвинителство, по комплетирање на кривична истрага, изготви обвинителен предлог за двајца лекари кои ќе одговараат за: тешки дела против здравјето на луѓето, согласно член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.
Обвинетите, инаку лекари – гинеколози, вработени во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, се товарат дека постапувале несовесно при укажување помош на родилка, од Смилево, поради што настапила смрт на новороденчето.
Настанот за кој лекарите ќе одговараат се случи на 12. октомври 2019 година, во време кога тие биле дежурни лекари. Имено,тие се товарат дека не ја следеле и не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката, иако се’ укажувало дека здравјето и животот на плодот бил доведен во опасност поради недоволен доток на кислород, а што, пак, било индикација дека бил потребен итен царски рез. Одложувањето на интервенцијата доцнел цели пет часа со што интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата била извршена следното утро, некаде околу 6,30 часот, кога на се родило женско дете со тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри, но плодот бил во лоша состојба и тој набргу починал.

Спонзорирано