Висок државен функционер во Владата на Република Северна Македонија и двајца хрватски државјани се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и за поттикнување на злоупотреба, односно дека го оштетиле државниот буџет за 57.932.100 денари.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) веќе издало наредба за спроведување на истрага за сите тројца, а од Судија на претходна посатапка за нив е побарано и мерка притвор поради опасност од бегство, евентуално уништување на докази или поради опасност да влијааат врз сведоци.
Од Обвнителството не кажуваат за кој функционер станува збор, но медиумите веќе шпекулират дека станува збор за Мухамед Зекири, кој во мометов ја извршува функцијата генерален секретар на Владата на РСМ.
„Во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, се вели во соопштеието на Јавното обвинителство, а со кое се потврдува дека за сите тројца осомничени ќе се бара да бидат притворени.