Единствена причина поради која е укината правосилната пресуда на скопска Апелација е тоа што не била одржана Јавна седница, на што инсистирал осудениот Панчевски, но од Врховниот суд не кажуваат како е можно толку бргу да се реагира по неговото Барање и зошто во петчлениот Совет има дури четворица судии Албанци
Само еден ден по објавата дека Врховиот суд на Република Северна Македонија ја укинал правосилната пресуда со која Владимир Панчевски, за сторени злоупотреби на службената должност беше осуден на затворска казна од две години шест месеци, денеска со свое видување се огласи и највисокиот суд. Имено, од Врховниот суд информираат дека ja укинале пресудата на Апелациониот суд Скопје, од 14. јули минатата година, наводно, поради сторени повреди на одредбите на Законот за кривичната постапка, односно поради неодржување на Јавна седница, иако тоа го барал обвинетиот Панчевски.
Судот се повикува на прекршување на членот 6 став 1 од Европската конвенција за човекови права и притоа појаснува дека ќе се инсистира сиде судови во државава да обратат внимание токму на споменатата конвенција при изрекување на санкции. Во натамошниот текст на соопштението Врховниот суд се повикува на неколку одлуки на ЕСЧП, односно на епилози кои произлегле од непочитување на Европската ковенција.
Несомнено дека судот е во право кога зборува за почитување на Европската конвенција, но од истиот суд се очекува да одговори на најмлаку две прашања: Првото прашање се однесува на брзината на одлучување, односно како е можно Барањето за вонредно преиспитување на пресуда да дојде по само четири месеци од објавувањето на правосилната пресуда и како е можно по неа да се одлучува само два месеца подоцна? Она што е „спорно“ е тоа што некои судски предмети на вонредно преиспитување чекаат со години, а случајот на Панчевски, (од Апелација до Врховен), се решил за само половина година.
Второто прашање се однесува на составот на Советот кој одлучувал. Имено, нејасно е како е можно во Советот кој одлучувал за укинување на правосилната пресуда на Панчевски има четворица судии Албанци и само еден, односно една судијка Македонка, дотолку повеќе што вакво нешто не е пракса при составување на кривичните совети?





