СО ДОБРО ВОДЕН СТЕЧАЈ ИЗБЕГНАТА Е УШТЕ ЕДНА ГРАДЕЖЕНА АФЕРА

1545

Со стечајот за „Кубус“, станарите од зградата на улица „Даскал Камче“ ќе дојдат до 24 од вкупно обезбедените 65 станбени единици, со повеќе од 3.000 метри квадратни

Повеќе од 3.000 метри квадратни или попрецизно кажано 65 станбени единици, од неодамна се ставени на располгање на стечаен управник кој, пак, со своето работење успеа да избегне уште еден градежен скандал поврзан со изградба на станови.
Имено, судот, до стечајниот управник веќе има доставено решение, а од пред извесно време е извршен и упис на станбените објекти кои како такви се најдоа во предметот кој се водеше за градежната компанија „Кубус“. Обезбдувањето на станбените објекти на подразбира само обештетувсање на станарите од зградата „Даскал Камче“ број 1, туку и можност за продажба на дел од становите.
„Точно е дека за предметна компанија се водеше стечајна постапка и само можам да потврдам дека оваа постапка може да се подведе како една успешна приказна, бидејќи станарите, кои со договорите што ги имаат потпишано, се водат како соинвеститори, сега ќе се стекнат и со право на сопственост“, вели стечајниот управник Живко Калков.
Со ограда дека нема право да коментира детали поврзани за овој случај Калков само ќе појасни дека се работи за површина од безмалку 3.300 метри квадратни, а дека од вкупниот број станови дури 24 ќе им бидат доделени на станарите, за 20 стана ќе се бараат нови купувачи, а остатокот ќе биде предмет на продажба, односно ќе бидат земени од еден доверител.
Проблемот со становите на улицата „Даскал Камче“ започнува некаде после 2010 година кога бил постигат договор за надградба на уште дв ката и поткровје, но ќе дојде до надградба на уште еден кат. Постоеше реална опасност целиот случи д се влечи низ судпвите уште долго време, но со успешно водената стечајна постапка довертелите беа намирени.

Инаку, како што е веќе познато, некако со отворањето на стечај за „Кубус“, од физичко лице, беа поднесени и кривични пријви за прт физички и две правни лица, тесно поврзани со „Кубус“, а за неколку кривични дела. По повеќемесечни проверки Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе решение со кое ги отфрли поднесените пријави.

(Љ.Станковиќ)

Спонзорирано